Смирувачки крем | Eucerin AtopiControl | 75ml


Цена:
ден 910

Description

Eucerin AtopiControl Смирувачкиот крем овозможува секојдневна нега за оние делови од кожата каде има црвенило, како на пример на задната страна на колената или внатрешната страна на лактите. Погоден е како основна нега за атопична кожа за време на мирните фази и како дополнителна нега за време на акутните фази во комбинација со Eucerin AtopiControl Интензивниот смирувачки крем или фармацевтски производ.

Eucerin AtopiControl Смирувачкиот крем содржи 12% омега 6 масни киселини, вклучително и масло од ноќниче и масло од семки од грозје. Тие ја смируваат и ја потхрануваат сувата и распукана кожа. Производот содржи исто така и ликохалкон А, којшто делува противвоспалително.

Смирувачкиот крем ја хидрира и ја смирува кожата, го намалува јадежот и чувството на затегнатост на кожата. Кожата е видно помека и мазна. Eucerin AtopiControl Смирувачкиот крем е погоден за бебиња, деца и возрасни.

За да се минимизира ризикот од иритации и алергии, производот не содржи парабени, додадени мириси и бои.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed