Повеќенаменски крем за чуствителна кожа | Embryolisse | 100ml


Цена:
ден 1,515

Description

ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ КРЕМ ЗА ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА НА ЛИЦЕ И ТЕЛО
За сите типови на кожа
Хипоалергена нега за чувствителна, многу чувствителна и реактивна кожа, во специјална формула без парфем со 98% состојки од природно потекло. Наменета за целото семејство (бебиња, деца и возрасни). Активните состојки ја хидрираат кожата правејќи ја еластична и мека, додека емолиентните масла од природно потекло и витамини ја хранат и регенерираат кожата, ја зајакнуваат хидролипидната бариера и ја намалуваат чувствителноста на кожата, овозможувајќи моментална и долготрајна хидратација, како и заштита од надворешните влијанија.
Висока толеранција, производот е тестиран под дерматолошка и педијатриска контрола. Без парфем и парабени. Не остава леплив и мрсен сјај.
ДЕЈСТВО:
>>Овозможува моментална и долготрајна хидратација
>>Ја прави кожата еластична и мека
>>Смирува и намалува чувствителност
>>Заштитува од надворешните влијанија
АКТИВНИ СОСТОЈКИ:
>>Емолиентни масла од природно потекло и витамини хранат, смируваат, зајакнуваат и регенерираат
>>Алое вера хидрира
>>Протеин од соја храни
>>Ши путер храни и негува

НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанесете секојдневно на суво и чисто лице.
Идеална како подлога за шминка и секојдневна хидратантна нега, маска за хидратација, млеко за чистење лице, нега за бебиња, крем за после сончање и после бричење.

ИСКУСТВА ОД КОРИСНИЦИ:
> Смирена кожа, без чувство на затегнатост 1 9 7 %
> Моментална и долготрајна хидратација1 1 0 0 %
> Ја храни кожата и намалува сувост1 1 0 0 %
> Ја хидрира и смирува бебешката кожа3 1 0 0 %

Можеби би ве интересирало

Recently viewed