Книга | Нова земја | Екарт Тол


Цена:
ден 400

Description

Со својот водач за просветлување Моќта на сегашниот миг Екарт Тол инспирирал милиони читатели да тргнат по патот на откривањето на слободата и уживањето во животот во сегашниот миг.
Во Нова земја Тол ги шири тие моќни идеи за да покаже дека надминувањето на нашата состојба на свеста заснована врз егото не само што е суштински важно за личната среќа туку е и клучно за окончувањето на судирите и страдањата на целото човештво. Тол објаснува како нашата врзаност за егото создава дисфункционалност која води во бес завист и несреќа и им покажува на читателите како да пробудат нова состојба на свеста и така да тргнат по патот што води кон вистински исполнет живот.

Просветлувачка и охрабрувачка, книгата Нова земја е вистински манифест на поквалитетниот начин на живеење и на создавањето на подобар свет.

Екарт Тол е наш современик, духовен учител кој често патува пренесувајќи ја својата порака во сите краишта на светот. Нова земја е последната книга која Опра ја препорача во својот клуб на читатели (Oprah Book Club), нашироко прифатена од милиони читатели ширум светот.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed