Крема за многу сува и иритирана кожа | SOS + | 40 ml


Цена:
ден 2,455

Description

Формулирана со смирувачки екстракт од Centella Asiatica (CICA), познат по своите извонредни хидрантни придобивки, оваа богата hydro-barrier крема веднаш ја смирува многу сувата, дехидрирана, оштетена и реактивна кожа, зајакнувајќи ја заштитната бариера и помагајќи да се врати епидермалниот баланс .

Хиалуронска киселина, смирувачки бисабобол, шеа путер за негување и обновувачките церамиди помагаат во задржување на влажноста, спречувајќи непријатност предизвикана од сувост и знаци на предвремено стареење.

Го спречува чувството на затегнатост и чешање на кожата.

Дава подобар изглед на тенот, истакнувајќи го здравиот сјај на вашата кожа.

14% состојки од органско потекло.

99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife

Дехидрираноста на кожата е состојба која се јавува без оглед на возраста и типот на кожата.

Може да биде предизвикана од многу фактори, оштетување на животната средина, загадување, иритирачки производи, исхрана и стареење.

Кожата што не може да задржи вода е повеќе склона на акни, што на крајот резултира со подлабоки брчки.

Многу сува, реактивна кожа, бара интензивна хидратација, обнова на кожната бариера, оклузивни состојки и ефект на моментално смирување.

Богат со полифеноли и тритерпени, ултра-смирувачкиот екстракт од легендарното Centella Asiatica (CICA) растение, ја претвора оваа формула во ботанички центар. Неверојатниот состав на корисни активни состојки дава антиоксидантни, смирувачки и обновувачки својства.

Збогатена со хиалуронска киселина, смирувачки бисаболол и екстракт од корен на Северен Божур, оваа уникатна формула рехидрира и смирува многу сува кожа, помагајќи да се подобри вашиот тен за траен сјај и заштита.

Нанесете нежно на чиста кожа.

Користете секое утро и навечер, или секогаш кога ќе ја почувствувате вашата кожа сува, затегната и иритирана.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed