Книга | Децата од нашата улица | Нагиб Махфуз


Цена:
ден 500

Description

„...Ова е приказна за нашата улица или поточно ова се кажувања за нашата улица. Лично не бев сведок на настаните за кои тие зборуваат, освен на оние најновите што се случија во мое време, ама сите кажувања ги запишав онака како што ги раскажуваат нивните бројни наратори. Сите жители на нашата улица ги раскажуваат тие настани, а секој ги раскажува онака како што ги слушнал во кафулето во својот крај или онака како што до него стигнале пренесувајќи се од колено на колено. Тие извори беа мој единствен темел за сето што овде го запишав. А колку само поводи има за раскажување на тие приказни! Кога и да се најде во неволја, некој кого го тишти неправда или го мачи некоја мака, тој покажува кон големата куќа на почетокот на улицата, на самиот агол каде што улицата преминува во пустината и тажно вели: „Тоа е куќата на нашиот прадедо! Сите ние сме негова крв и месо и сите имаме право на неговиот имот, па тогаш зошто гладуваме?! Како можеме да трпиме да нѐ експлоатираат?“
И тогаш почнува да раскажува настани и да наоѓа аргумен-ти во биографиите на Едхем, Габал, Рифаа и Касим, славните синови од нашата улица...

Можеби би ве интересирало

Recently viewed