Книга | Осаменоста на простите броеви | Паоло Џордано


Цена:
ден 250

Description

Аличе во својата седма година се уште не знае што би сакала од животот, но сигурна е дека не го сака скијањето, спорт што и го наметнал опсесивниот татко. Едно магливо утро, на тренингот, таа паѓа и си ја крши потколеничната коска. Оттогаш го мрази татко си, поткривнува, ја следи баксуз, нема пријатели, се тетовира и живее во постојан конфликт со околината.

Матија има осум години и ретардирана сестра-близначка, од која се срами. Кога сестра му и тој се поканети на првата "забава", тој ја остава во паркот ветувајќи и дека ќе се врати по неа. Кога се враќа, неа ја нема и не ја наоѓаат никогаш. Чувството на вина кај него предизвикува потреба од постојано самоповредување.

Овие две епизоди ќе ги обележат засекогаш телата и умовите на Аличе и Матија, кои се среќаваат во втори клас гимназија. Меѓу нив веднаш се создава неверојатна блискост. Тие двајцата се исти како оние посебни броеви, што математичарите ги нарекуваат "близнаци": два прости броја разделени со еден парен, многу блиску еден до друг, но никогаш доволно за да се допрат навистина.

Трогателната приказна на Паоло Џордано не враќа во суровите и убави предели на растењето и на детството, кои, судејќи според емоциите на оваа книга, се уште не сме ги изживеале и никогаш нема да ги изживееме.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed