Гел за први запчиња | Gengigel


Цена:
ден 640

Description

Gengigel први запчиња ја ублажува болката и отокот кај Вашите малечки и го забрзува зараснувањето на непцата при никнување на забите.

Опширен опис:
Gengigel први запчиња е иновативен гел со нов патентиран полимерен матрикс за слузницата на устата. Невидливиот, еластичен и отпорен филм создава ефикасна заштитна преграда и има долготрајно дејство.
Клиничките испитувања покажуваат дека новата формула Gengigel први запчиња побрзо и поефикасно ги ублажува симптомите при никнување на забите за разлика од геловите со локален анестетик.1
Gengigel први запчиња е ефикасен и кај:
• повредени непца како последица на паѓање на млечните заби
• ранички и улкуси (афти) во устата
• воспаление и крварење на непцата од различни причинители
Поради содржината на хијалуронската киселина, која е природнен составен дел на нашите непца, Gengigel Први запчиња е потполно безбеден за употреба. Ако мала количина од гелот се проголта, таа нема да се апсорбира во организмот, ќе се исфрли од телото на ист начин како и храната.
Gengigel Први запчиња не содржи алкохол, шеќер, вештачки ароми, глутен, лактоза, парабени, натриумов лаурил сулфат и генетски модифицирани организми.

Начин на употреба
Слој од гелот рамномерно втријте го на непцата, 3 до 6 пати на ден, односно по потреба. Гелот се лепи на непцата и забите и делува долготрајно.
За продолжено чувство на ублажување на болката се препорачува нанесување на гелот после оброк или пред спиење.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed