Книга | Врати се кон животот | Ѓулсерен Будајџоглу


Цена:
ден 600

Description

РОМАНОТ ПО КОЈ Е СНИМЕНА ХИТ СЕРИЈАТА „ИСТАНБУЛСКАТА НЕВЕСТА“

Необичната животна приказна на Ала – девојка израсната без љубов во домот на деспотската баба Есма-султан и покрај негрижливиот однос на мајката Суреја,
додека татко ѝ е во затвор.

За да ги надмине болката и очајот, Ала тргнува на психотерапија, ама во почетокот се спротивставува и прави сѐ што е можно за да ги разурне границите на трпението на својот терапевт.
За да ја прекине тишината од нејзиното молчење и да стигне до неа, психотерапевтката од сенките на минатото раскажува најразлични приказни: за мистериозните тајни на младиот фараон Тутанкамон, интересните моменти од животот на Хитлер и Фројд... Необичната судбина на царицата Катерина, која во своето детство била перачка и проститутка. Животот на Ева Перон и принцезата Сораја исполнет со тага.
Макар и во продолженија, противењето на Ала почнува да се надминува. И тогаш молчењето престанува. Настаните, кои ѝ го кршеле срцето во минатото, бавно излегуваат на виделина. Приказна што засенува сѐ со болка, ужас и тага... Но, и приказна за успехот што следува по допирот на волшебното стапче на психоанализата...
Писателката создава роман врз основа на животните приказни на различни луѓе. Како резултат на тоа, се добива вистинско чувство за реалноста и книгата се чита во еден здив.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed