Книга | Сите исчезнати девојки | Меган Миранда


Цена:
ден 430

Description

Поминаа десет години откако Николет Фарел – Ник, го напушти провинциското гратче Кулеј Риџ, откако нејзината најдобра пријателка Корин исчезна без трага. Ник е верена за успешен адвокат од високите кругови во Филаделфија, успеала да изгради завидна кариера, ама враќањето во родното место ги отвора старите рани. Средбата со некогашните пријатели и поранешниот младич Тајлер кај Ник предизвикуваат неочекувани чувства, а демоните од минатото ја гризат од внатре.
Што се случило онаа кобна ноќ кога Корин исчезна од забавниот парк?
Николет е повторно влезена во центарот на шокантна драма, а случајот стар десет години повторно е отворен. Сега, кога исчезна уште една девојка од нивната стара дружина, Аналеис Картер, јазолот од тајни и лаги на прв поглед изгледа нерешлив, а во ноќниот кошмар Тајлер е единствено засолниште за Ник.
Дали Ник е невина жртва или фатална жена, останува неизвесно до самиот крај на овој врвно напишан психолошки трилер.
„Восхитувачки психолошки трилер за девојката што мора да се соочи со своите најмрачни стравови и да ги победи демоните од минатото“, ВОЈА
„За сите што сакаат паметно напишана мистерија со доза на романтика“, Bookish.com

Меган Миранда е американска писателка најпозната по наградуваниот роман и Њујорк тајмс бестселер „Сите исчезнати девојки“. Напишала и неколку романи за млади: „Фрактура“, „Хистерија“, „Одмазда“, а поттикната од успехот на својот прв трилер, ги напиша психолошките трилери „Совршениот странец“, „Последниот гостин“, „Толку тивко место“, „Единствените преживеани“ и „Последниот исчезнат“.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed